понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Занимливости

Студентка ја продава својата невиност, а покрај парите бара уште само една работа

Студентка ја продава својата невиност, а покрај парите бара уште само една работа

Девојка од Бразил се надева дека ќе заработи милион долари од продажбата на својата невиност на интернет и покрај тоа што е многу срамежлива и никогаш не била на состанок со момче.

22 годишната Данијел Брин сака да преземе екстремни мерки како би се решила од растечките долгови, да купи куќа во која би живеела со својата мајка и сестрата, како и да го исплати студентскиот креди. Она на ова се одлучила откако читала за други девојки кои исто така ја продавале својата невиност.

Покрај тоа што е уверена дека ја донела вистинската одлука, признава дека сепак малку е нервозна. Своето лице на фотографиите не сака да го открие како би го заштитила своето семејство.

-Стравувам како работите ќе се одвиваат, сепак тоа ќе ми биде прв пат. Никогаш не сум била на состанок и многу сум нервозна. Се надевам дека победникот ќе биде фина и љубезна личност, џентлмен, вели таа, пренесува Дејли Мејл.

Студентката откри дека главната причина поради која се решила на овој драстичен чекор е од финансиска природа.

-Студирам и работам со скратено работно време. Она што го заработувам не е доволно да ги покријам трошоците, животот во мојата земја е скап, а долговите само растат, вели таа.

Покрај тоа сака да вложи во себе и да си изгради сигурна иднина.

-Сакам да почнам свој бизнис и да бидам осигурана, изјавила Данијел.

Откако покрена сајт во јуни, досега примила две сериозни понуди. Највисоката во моментов изнесува 220.000 долари. Сепак, како што самата истакнува се надева дека ќе стигне до цифра од 750 илјади долари и дека нема да прифати за помалку се додека се чувствува сигурна. Данијел ги преземала сите чекори како својот живот не би го довела во опасност.

-На денот на состанокот со мене ќе оди телохранител. Безбедноста ми доста важна и се ќе направам така да се чувствувам, истакнува таа.

Нејзиното семејство не знае за оваа акција, но пријателите ја поддржуваат.

-Не ме интересира што мислат другите, ме интересира само реакцијата на моето семејство. Злобните коментари нема да ме ослободат од долговите, заклучува таа.

Коронавирус