среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

Стјуардеса ја фатиле со половина милион долари: Пробала да се извади, но многу брзо вистината излегла на виделина (ВИДЕО)

Во багажот се откриени околу 3 милиони рупии во банкноти од 100 долари и други странски валути. Парите биле замотани во фолија, така што не можеле да се воочат на скенерот.
Стјуардеса ја фатиле со половина милион долари: Пробала да се извади, но многу брзо вистината излегла на виделина (ВИДЕО)

Стјуардесата на Џет Ервејс, Девши Кулшреста е уапсена кога било откриено дека пробала да прокриумчари 500.000 долари од Индија.

Била на летот од Њу Делхи до Хонгконг кога била фатено со многу пари во багажот. Од авио компанијата соопштија дека нема да толерираат вакви илегални активности на својот екипаж и дека е можно таа да биде и уапсена.

Во багажот се откриени околу 3 милиони рупии во банкноти од 100 долари и други странски валути. Парите биле замотани во фолија, така што не можеле да се воочат на скенерот.

Девши наредниот ден веќе била пред судија, а не и требало долго време да открие за кого биле наменети тие пари. Извесен Амир Малхорта на неа и давал еден процент за префрлување на пари во Хонгконг, а во Кина потоа би купувал злато и на тој начин би ги перел парите.

Во август Малхорта тоа и го предложил на стјуардесата додека таа го послужувала со пијалак во авионот. Очигледно брзо развиле соработка затоа е што е откриено дека на стјуардесата ова и бил осми обид за шверцување на поголем количина пари.

Обвинителите се сомневаат и дека некој од кабинскиот екипаж учествувал во пренесувањето на парите.

Коронавирус