вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 20
home Занимливости

Сте го посетиле ли ова гратче во Грција: Убави плажи, стар дел на градот од бајките и истористи локалитети – сè на едно место

Сте го посетиле ли ова гратче во Грција: Убави плажи, стар дел на градот од бајките и истористи локалитети – сè на едно место

Дали некогаш сте размислувале да летувате во Нафплио, најромантичното гратче во цела Грција?

Постојат градови чија убавина и единствен дух ги прават автентични, а еден од нив е и Нафплио на Пелопонез, скапоценост која вреди да се посети.

Инаку, Пелопонез е свет за себе и точка во Грција која е преполна со историја, вистински хедонизам и неверојатна природна убавина, но за неговото внимателно истражување и детално запознавање потребно е време, енергија, но и пари.

Нафплио има одлична локација доколку сакате да крстарите по Пелопонез, не е далеку од прекрасните плажи, а има бројни убавини кои треба да ги посетите.

Тешко е да не се заљубите во ова гратче и тоа на прв поглед, тоа е вистински дијамант на Грција, а целото гратче дише во ритамот на културата и целокупно потсетува на едно уметничко дело.

Фактот дека во него има различни културни влијанија придонесува за неговата атмосфера, колорит и живопис.

Старите, тесни, мали улички кои се полни со скали водат до широките плоштади, а ќе уживате и во погледот од терасите преполни со цвеќиња.

Не треба да го занемарите ниту новиот дел од градот кој е прекрасно среден и многу жив, а има и шопинг-центар со пристојни цени.

Покрај прошетката во стариот дел од градот, пристаништата, вечерата во некој од бројните ресторани ќе ви биде незаборавна.

Таму исто така може да уживате во обиколување на музеите, историските локалитети, гледање филм во кино на отворено, или пак возење со кајак.

Тоа што овој град го прави единствен е тоа што може да се пофали со три средновековни тврдини кои се навистина автентични.

Нафплио има што да понуди и кога станува збор за плажите, па така туристите може да уживаат во чистата сина вода и неверојатните плажи.

Коронавирус