среда, 24. јули 2019. Вести денес: 51
home Занимливости

Старица од Манчестер посака да биде уапесени барем еднаш пред да умре- причината ќе ве остави стаписани (ФОТО)

Старица од Манчестер посака да биде уапесени барем еднаш пред да умре- причината ќе ве остави стаписани (ФОТО)

Полицијата во британскиот град Манчестер уапси старица без никаков повод. А, причината е тоа што таа, просто, сакала да биде уапсена барем еднаш пред својата смрт.

Внуката на Џози Брдс, Пем Смит срдечно ѝ заблагодари на полицијата за исполнувањето на една од последните желби на баба ѝ.

– Ѝ благодарам на полицијата што ја приведе Џози. Таа има 93 години и здравјето брзо ѝ се влошува, но таа посака да биде уапсена пред да стане предоцна за тоа. Таа има златно срце и ѝ беше многу забавно при апсењето, објави Пем на Твитер.

Занимливо е тоа што ова не е првиот ваков случај. Во март, 104-годишната Ен Броукенбрау од Бристол, која била сместена во старечки дом, исто посакала да ѝ бидат ставени лисици барем еднаш пред да го напушти овој свет.