понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Занимливости

Старица доаѓала на погреби на непознати луѓе, кога роднините ја дознале причината останале шокирани

Старица доаѓала на погреби на непознати луѓе, кога роднините ја дознале причината останале шокирани

Старицата Тереза Дојл (65) од Англија е позната по тоа што доаѓа на секој погреб во градот Слау, а причината е неверојатно банална – да се најаде и напие.

Така таа не пропуштила ниту еден погреб во последните 14 години. Откако ќе изјави сочувство на семејството и ќе го испрати покојникот, Тереза се „фрла“ на јадењето и пиењето кое го носи семејството.

Тереза секој пат оди погреб со велосипед. Од дома тргнува облечена во нормална облека, а потоа среде гробиштата облекува црнина и оди по капелите, тврдат нејзините соседи. Меѓутоа на старицата не и е гајле за тоа.

Маргарет Вајтхед неодамна ја погребала ќерка си и останала во шок кога видела како непозната жена се шета меѓу ожалостените на погребот. Таа вели дека Тереза се разборела со неа во текот на изјавувањето на сочуство.

-По погребот јадеше како да не постои утре. На крајот наполни една кеса со храна, седна на велосипедот и отиде, раскажува Маргарет и додава дека старицата од еден погреб отишла разочарана зошто ништо не и дале да јаде.

Извор: 24Инфо

Коронавирус