петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 112
home Занимливости

Стари и искинати седишта се продаваат за 90.000 долари, еве зошто се толку вредни (ВИДЕО)

Стари и искинати седишта се продаваат за 90.000 долари, еве зошто се толку вредни (ВИДЕО)

Комплет целосно истрошени, скоро седум децении стари седишта се продаваат во САД за дури 90.000 долари. Толку висока цена имаат благодарение на тоа што се првите седишта некогаш направени за Шевролет Корвета.

Првобитно биле вградени во еден од петте претпродукциски модели на Корвета, а тој автомобил дебитирал на изложбата на Џенерал Моторс „Моторама“ одржана во 1953 година во Њујорк, каде е одржана и премиерата на Шевролен Корвета.

Автомобилот потоа патувал низ САД како дел од „Парадата на прогресот“ на Џенерал Моторс, пред да дојде во фабрика на Шевролет во Мичиген во јуни 1953 година, каде некои делови се заменети, а оригиналните седишта се извадени од возилото.

Иако главно се користел само за презентации, овој прототип имал вграден Шевролет мотор со 160 коњски сили.

За можните купувачи на историските седишта во огласот е наведена информација дека моментално се складирани во Индијана, а продавачот вели дека купувачите ќе добијат и документирана историја на сопственост.

Коронавирус