понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 163
home Занимливости

Среќен роденден: Барби денес полни 60 години

Среќен роденден: Барби денес полни 60 години

Познатата кукла Барбика денеска го „прославува“ 60-от роденден, а по тој повод ќе биде претставена нова колекција инспирирана од познати личности кои на многумина им се пример во животот, како и од професии каде жените и натаму се помалку застапени.

Барбика првпат се појави на 9 март 1959 година на саемот за играчки во Германија.

Нејзиниот производител, компанијата „Мател“, по повод 60 години од постоењето, направи 20 нови верзии на кукли, меѓу кои и такви кои се креирани во чест на јапонската тенисерка Наоми Осака и британскиот модел и активистка Адвое Абоа.

Компанијата, исто така, ќе пушти во продажба и шест кукли кои ги претставуваат кариерите на астронаути, пилоти, спортисти, новинари, политичари и пожарникари, односно професии во кои, според „Мател“, жените и натаму не се доволно застапени.

Локални избори 2021