понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 9
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Занимливости

Средношколец доби единица по физичко на онлајн настава

Средношколец доби единица по физичко на онлајн настава

Средношколец во Хрватска добил единица по физичко образование за време на онлајн-настава, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Како што е наведено, професорот поставил апликација преку која ученикот требало да испрати доказ дека сработил некои вежби. Ученикот не го направил тоа во предвидениот рок и професорот му ставил единица во е-дневникот.

Весникот пишува дека првите десет дена од почетокот на електронската настава, која е организирана поради епидемијата на коронавирусот, се обележани со хакерски напади, рушење на системот, земјотрес во Загреб, нерамноправно оптоварување на учениците, како и голем број прашања на кои наставниците, учениците и родителите немаат одговор.

Хрватската министерка за образование Блаженка Дивјак рече дека околу 450.000 ученици и наставници во основните и средните училишта, како и 70.000 на факултетите, ја следат наставата преку сервисите CARNet и SRCE.

Наставата за најмалите деца е организирана преку телевизиска програма на ХРТ 3, а за средношколците и на Спортската телевизија и РТЛ 2.

Материјалите се пласираат преку Јутјуб, различни веб-страници, се комуницира преку групи на Вибер, Ватсап, како и преку е-маил.

Коронавирус