сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 64
home Занимливости

Среде лето, чоколаден снег паѓал во швајцарски град (ФОТО)

Среде лето, чоколаден снег паѓал во швајцарски град (ФОТО)

Жителите на швајцарското гратче Олтен ги изненади невообичаеното „невреме“ кога среде лето почна да паѓа снег и тоа чоколаден.

Снегот од честички од какао се распрашил низ цел град по дефект на вентилациски систем во блиската фабрика за чоколади „Линдт“.

Од фабријата ги потврдија текстовите во локалните медиуми дека навистина дошло до помал дефект во системот за ладење во погонот каде се чува какаото, па многубројните мали парчиња пржено какао, од кои подоцна се прават чоколадите, во комбинација со силниот ветар, се распрснале во околината покривајќи ја со слој вкусна чоколадна прашина.

Фабриката брзо го санирала дефектот и соопшти дека е подготвена да плати миење на сите автомобили покриени со какао-прашина, но досега никој не го побарал тоа и не се пожалил на „чоколадниот снег“.

Коронавирус