сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 61
home Занимливости

Србите играат фудбал на граничен премин со Македонија (ВИДЕО)

Србите играат фудбал на граничен премин со Македонија (ВИДЕО)

Србите кои тргнаа на годишен одмор најдоа начин како да се искулираат додека чекаат да помине гужва на границата и ова е хит, пишува белградскиот портал Ноизз, јави дописникот на МИА од Белград.

-Деновиве има огромен метеж на границите, особено кон некои морски дестинации каде Србите одат на одмор. Една од најпосетуваните локации е Грција, но сега до неа поспоро се доаѓа затоа што има бесконечни колони пред секоја граница.

Така, се чекаше и на границата со Македонија по неколку часа, а снаодливите Срби смислија како да го убијат времето без да се крчкаат во автомобил.

Еден TикТокер објави ситуација на граница каде може да се видат неколку мажи како играат фудбал среде метеж од автомобили.

-Ова може да ни се случи само на нас. Но, за разлика од минатата година, кога најмногу се расправаа кој смее да помине, ова е многу поубава слика, е еден од коментарите на социјалните мрежи.

Видеото брзо стана вирално и многумина ги пофалија дури и граничарите кои не ги потераа момците во автомобилите, бидејќи ретко каде е дозволено да стоите надвор од превозот на граничните премини.

-Не е ова попусто најважната споредна работа во животот. Еве што друго би можеле да правите освен да играте фудбал. Браво момци, стои во коментарите. (МИА)

@buudaa19♬ original sound – Bogdan Budimir

Коронавирус