сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 79
home Занимливости

Спојување на „црни дупки“ предизвикало силен гравитациски удар

Спојување на „црни дупки“ предизвикало силен гравитациски удар

Специјални ласерски детектори во САД и Италија во мај минатата година регистрирале гравитациски шок предизвикан од досега најголемото забележано спојување на „црни дупки“ во вселената.

Би-Би-Си наведува дека овој вселенски сигнал патувал кон Земјата околу седум милијарди години и траел само една десетина од секундата, но, сепак, бил доволно силен за да предизвика физичко поместување на ласерските детектори.

„Црните дупки“ претставуваат делови од вселената во кои дошло до распаѓање на материјата, а со оваа фузија одеднаш се ослободила енергија што е осум пати поголема од енергијата на Сонцето. Масата на така настанатата „црна дупка“, меѓутоа, е 142 пати поголема од масата на Сонцето, а фузијата се случила на растојание од 150 милијарди трилиони километри од Земјата.

Ласерските детектори се инсталирани како дел од меѓународниот проект ЛИГО-ВИРГО, чии пречувствителни системи за откривање на вселенски гравитациски бранови се наоѓаат во САД и Европа, наведува Би-Би-Си. (MИА)

Коронавирус