вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 176
home Занимливости

Спектакуларни чуда на Медитеранот само за вистинските љубители на природата (ФОТО)

Спектакуларни чуда на Медитеранот само за вистинските љубители на природата (ФОТО)

Осум морски и историски градови, Медитеранот нуди спектакуларни чуда на природата, вклучувајќи и национални паркови.

Пештерата Постојна, Словенија

Толку голема што ќе ви биде потребен воз кој ќе ве вози низ нејзините комори. Постојна е формирана пред два милиони години. Нејзиниот опсег на сали е толку голем што во неа се одржуваат концерти. По возење од 40 километри од пристаништето Копра, ќе можете да искусите 90-минутна обиколка која вклучува возење со минивоз и повеќе од километар шетање.

Мртво море, Израел

Пресолената вода е стационирана на најниската точка на планетата, дури 430 метри под нивото на морето. Толку е солено што нема шанса да потонете, а водата е полна со минерали, а идеална е за третман на кожата додека одмарате со читање на книга. Од пристаништето Ашдод ве очекува двочасовно возење преку пустина до Мртвото море, а целодневниот излет и посетата на Масади, античко брдо каде се наоќа тврдината на кралот Херод.

Вулкканот Етна, Италија

Висок е 3.353 метри и широк над 25 километри. Тој не е само еден од највисоките туку и еден од најактивните вулкани на Земјата. Можете да стигнете до самиот врв на Етна, а можете да истражувате со автомобил, специјални автобуси и сафари џипови, па дури и винтиџ воз.

Националниот парк Крка, Хрватска

Реката Крка направила природно уметничко дело од водопади како во бајките. Водопадот Слап е сочинет од 12 водопади високи до 21 метар. Скардинскиот Бук е серија од 17 скалести водопади во кои можете да се капете и да уживате во единствените базени кои природата ги направила. Крка се наоѓа близу Шибеник, но до паркот моражете да стигнете и од Задар.

Каминито дел Реј, Шпанија

Велат е и најопасното патување на светот низ клисурата Ел Чоро, северно од Малага. Шетањето се одвива на висина од 305 метри долж патеките кои се обновени во 2015. година и траат три часа. Одење е само за оние кои немаат проблем со висината.

Националниот парк Ловчен, Црна Гора

Среќните посетители на Котор не само што ќе можат да уживаат во едно од најубавите светски видиковци, туку и да посетат два големи национални паркови – Скадар кој е второ европско најголемо езеро, но и Ловчен, карпеста убавина од каде има магичен поглед на земјата.

Коронавирус