петок, 30. јули 2021. Вести денес: 97
home Занимливости

Спасени три волчиња

Спасени три волчиња

Спасени три младенчиња волци од страна на Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, со помош на Државниот инспекторат за ловство. Оттаму велат дека среќата не може да се опише кога ќе се спаси живот, особено кога исходот на постапките е неизвесен до самиот крај и не зависи само од нас.

– Уште повеќе затоа што станува збор за животот на диви животни, кои во Македонија се третираат како закана, опасност, нешто што смее и се поттикнува да се убие – велат од „Анима Мунди“.

Од здружението изразија благодарност до инспекторите Зоран Вуиќ, Петар Џима и Ромео Саздановски од Државниот инспекторат за ловство, со чија помош биле спасени три младенчиња волци.

– Потврдуваме дека волчињата се на сигурно. Волкот е богатство на нашите шуми и планини, совршенство на природата, интелигентно, храбро, верно животно кое гради силни социјални врски (живот го минува најчесто во моногамна врска со еден партнер, се грижи и до две години за своите младенчиња) и не е никаков штетник. Бараме итно да се укине таквиот срамен статус кој го има во Македонија, со кој како вид го доведовме до раб на истребување. Штетници не се волците туку оние кои ги гонат, деградираат нивните живеалишта, им упаѓаат во животната средина наоружани до заби и кои ги убиваат или одземаат нивните младенчиња од забава и за профит- велат од „Анима Мунди“.

Коронавирус