сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 0
home Занимливости

Создадено пиво со вкус на солзавец- од него ќе ви отрпне устата

Создадено пиво со вкус на солзавец- од него ќе ви отрпне устата

Американската пиварница „Догфиш Хед” е позната по своите „интересни“ состојки употребени за производство на нивното пиво, како што е на пример – свинското месо, или камчиња од метеор.

Сега тие се здружија со безбедносната компанија „Мејс Секјурити Интернејшнал” и го создадоа брендот „In Your Mace” – пиво со вкус на солзавец.

Името е игра со зборови, израз кој ја спојува фразата „In your face” (која значи дрско обраќање или – предизвик), со името на безбедносната компанија.

– Од ова пиво навистина ќе Ви отрпне устата. Веројатно никој досега ни во сон не помислил дека солзавецот може да даде добар вкус на пиво, изјави еден од вработените во пиварницата.

Необичното пиво содржи бибер-спреј, главната состојка на солзавецот. Во едно шише ќе има 750 милилитри пиво, а во продажба ќе бидат пуштени само 200 шишиња.

Ќе може да се пробаи точено, но само во пиварницата во Делавер, каде што пивото и се прозведува.

Најнови вести

Коронавирус