петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Занимливости

Совети: Што да направите доколку телефонот ви падне во вода?

Совети: Што да направите доколку телефонот ви падне во вода?

Сега е време за годишни одмори или пак дневно капење на базен, но дали знаете кои методи треба да ги примените доколку вашиот телефон падне во вода?

Прво правило: Доколку сте во можност веднаш однесете го на мајстор.

Важно е брзо да се утврди дали водата навлегла во телефонот и стигнала до матичната плоча.

Првата помош кога телефонот ќе падне во вода е да ја извадите маската и да го избришете со сува крпа.

Второто е да го исклучите и да ја извадите батеријата, доколку не е интегрирана во телефонот, односно да извадите се од телефонот како капак, батерија, картичка и оставете да се суши. Не го ставајте на сонце.

Еве неколку корисни методи:

Ориз

Оризот е добра идеја доколку телефонот не е целосно потопен во вода, а експертите велат дека инстант оризот е подобар од интегралниот. Ставете го во вреќа со ориз и оставете го.

Фен

Најважно е да го исушите телефонот добро, а не можете да се стигне до сите делови со крпа, па затоа вклучете го фенот за коса.

Правосмукалка

Правосмукалката суши многу подобро од фен за коса, па ако тоа ви се случи дома, веднаш вклучете ја и ќе помине низ сите делови на телефонот.

Песок за мачки

Кој има мачка пола работа ја завршил. Песокот има неверојатна моќ да апсорбира влага, затоа само потопете го!

Најнови вести

Коронавирус