вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Занимливости

Совет за градење на самодовербата на јавен настап

Совет за градење на самодовербата на јавен настап

Голем број луѓе се плашат од јавен настап, но тоа е само чувство, значи, може да се смени. Клучот е во вежбањето, велат експертите.

Почнете да вежбате кога сте сами, на место каде што се чувствувате сигурно. Дозволете му на умот да извлече некое сеќавање, миг кога сте се чувствувале пријатно. Кога ќе надојде сеќавањето, проучете го тоа чувство. Вежбајте го говорот пред огледало, снимајте се со мобилниот и гледајте ја снимката.

Ако сте и понатаму нервозни да денот кога треба да настапите, замислете дека вашата публика е направена од вашите омилени ТВ-ликови – или концентрирајте се на точка во задниот дел на просторијата, а не во толпата од лица. Направете пауза од 3 секунди меѓу речениците, односно, меѓу она што сакате да го истакнете. Тоа ќе ви помогне да го кажете посакуваното.

Начинот на кој стоите може да има психолошки и физички ефект. Лошото држење означува дека се работи за лице со ниска самодоверба, сметаат експертите. Дигнете ја брадата, држете ги очите на хоризонтот, отпуштете ги рамениците и исфрлете ги малку градите.

Исправете се и сега имате самоуверено држење на телото. Како се чувствувате? Обидувајте се неколку дена да бидете во оваа положба и набрзо ќе ви стане природна, а самодовербата ќе си дојде сама по себе.

Најнови вести