петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 186
home Занимливости

Сода бикарбона- домашен дезодоранс без штетни хемикалии

Сода бикарбона- домашен дезодоранс без штетни хемикалии

Разните дезодоранси кои ги купуваме од козметичките салони за да го неутрализираме мирисот на потта, најчесто се полни со хемикалии кои штетно влијаат на кожата и потните жлезди.

Содата бикарбона претставува одлична алтернатива на индустриски произведените дезедоранси, па делотворно ги отклонува сите непријатни мириси. Едноставно помешајте пола лажичка сода бикарбона со малку вода и веднаш нанесете под раката. Ако сакате да го запрете потењето, помешајте пченкарен скроб и сода во размер 6:1 и нанесете на саканото место.

Дезодорансите иако нудат заштита од 24-часа, природни состојки и нега, сепак, тие се оние кои ви ги затвораат порите и го спречуваат природниот процес на исфрлање штетни материи преку потта.

За вистински да го неутрализирате мирисот, а потта да функционира нормално, потребно е сите состојки да бидат природни и да бидете сигурни дека нема да ви предизвикаат алергии или посериозни болести. Затоа, најдобро решение е сода бикарбоната.

Коронавирус