Маж одлучил да ограби продавница во Портланд, па понел и секира. Мислел дека тоа ќе биде сосема доволно да го заплаши продавачот, меѓутоа се излажал.
Кога ја покажал секирата продавачот извлекол пиштол, го вперил во разбојникот, па земал телефон и повикал полција.
Крадецот ја спуштил секирата и брзо се откажал од кражбата со зборовите: „Жал ми е, ќе си заминам“.
Продавачот му рекол да клекне и да ги крене рацете горе, а тој со солзи во очите го послушал, па избегал.
Полицијата се уште трага по него, а се товари за обид за кражба.
loading...