вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 149
home Занимливости

Со ова ќе можете да си ги тужите пријателите доколку не ви дојдат на пијачка

Со ова ќе можете да си ги тужите пријателите доколку не ви дојдат на пијачка

Навистина е фрустрирачки кога ќе се договорите со пријателите да испиете по „едно“ пиво, а тие ќе откажат во последен момент. Шведскиот пивски бренд Norrland Gulds има решение, иако е малку драстично.

Брендот се здружи со агенциите Åkestam Holst и Making Waves NoA и заедно со тим на правници го создадоа „Пивскиот Договор“ („Beer Contract“).

Буквално, брендот создаде легално обврзувачки договор со кој двајца пријатели може да се обврзат да се сретнат за да пијат пиво, а доколку еден од нив не го испочитува договорот, ќе мора да плати казна во вредност од 50 долари. Доколку не ја плати казната, прекршителот на договорот може да се соочи и со вистинско судење.

Договорот може да се склучи онлајн, преку шведскиот електронски систем за идентификација на граѓаните Mobile BankID.

„Планирањето за излегување со пријател може да биде проблематично. Само ако се договорите да пиете пиво, не значи дека тоа и ќе се случи. Со цел да ставиме крај на ова однесување и да ги натераме Швеѓаните почесто да среќаваат по договореното, ние го создадовме овој договор кој помага во претворањето на празните зборови во конкретни дела, гарантирајќи дека пиењето пиво ќе се случи. Ние сакаме овој договор да ја трансформира реченицата „можеби ќе пиеме пиво“ во легално обврзувачко „Да“,“ се истакнува во соопштението на Norrlands Guld по повод кампањата.

Оваа кампања е дел од серијата напори на брендот да ги промовира реалните социјални интеракции помеѓу жителите на Шведска, по минатогодишните кампањи „The Social Beer“ и „Tag Along“.