понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 174
home Занимливости

Слаткарница одби да направи невестинска торта бидејќи на геј-свадбата немало невеста

Ејлин и Миреја Родригез тврдат дека тие не побарале никаква посебна торта, туку една од оние во каталогот, без посебен натпис или декорација.
Слаткарница одби да направи невестинска торта бидејќи на геј-свадбата немало невеста

Суд во САД пресуди во корист на слаткарница која одбила нарачка за геј-свадба.

Судот во Бејкерсфилд, во прилично конзервативен дел од централна Калифорнија, одлучи дека доколку се работи за веќе направена торта, слаткарницата не би имала право да не ја продаде, „под изговор во врска со расна, верска, полова или сексуална припадност”.

Меѓутоа, бидејќи станува збор за нарачка на торта, пресудата вели дека продавницата има право „да одбие да ги користи своите таленти за правење на тортата, доколку нивното дело се користи за прослава на заедница, со која нејзината вера не се согласува”.

Ејлин и Миреја Родригез тврдат дека тие не побарале никаква посебна торта, туку една од оние во каталогот, без посебен натпис или декорација.

Сопственичката на слаткарницата, Кети Милер ги упатила кон друг таков објект, под изговор дека тоа се коси со нејзината вера и не одобрува истополови бракови.

Локални избори 2021