понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 10
home Занимливости

СКАНДАЛ: На изборот за Мис, маж со месеци се преправал дека е жена (ВИДЕО)

Се работи за Или Џагијев, манекен, кој се пријавил на натпреварувањето за на своите пријатели да им покаже дека и мажите можат да поминат како кандидати за избор на мис.
СКАНДАЛ: На изборот за Мис, маж со месеци се преправал дека е жена (ВИДЕО)

Изборот за мис на Казахстан доби неочекуван пресврт зошто една финалистка не била тоа што се претставувала.

Имено, Арина Алијева ја шокираше нацијата кога објави дека всушност е 22-годишно момче.

Се работи за Или Џагијев, манекен, кој се пријавил на натпреварувањето за на своите пријатели да им покаже дека и мажите можат да поминат како кандидати за избор на мис.

Ели бил уверен дека тоа денеска е можно поради шминката, козметиката и фотошопот. Со мала помош на шминка и фризер, Ели стана Арина.

Џагијев кој почнал да се занимава со манекенство на 17 години, на интернет ја објави фотографијата од Арина и чекал реакции од публиката.

Според некои мислења, тој можел и да победи на ова натпреварување на кое поминал 4.000 девојки. Но откако биле објавени имињата на финалистките објави видео во кое го откри својот идентитет.

Тој се надева дека благодарение на него повеќе ќе се цени индивидуалноста и природноста. Откако Ели го објави видеото, Арина е дисквалификувана.