понеделник, 3. октомври 2022. Вести денес: 140
home Занимливости

Сите се насмеавме на стаорецот кој се тушира, но вистината за тоа е многу тажна (ВИДЕО)

Туомас Ајвело, истражувач на биологијата на глувците на Универзитетот во Хелсинки вели дека неговите движења се многу необични за еден глушец, па веројатно е дека трпел болка.
Сите се насмеавме на стаорецот кој се тушира, но вистината за тоа е многу тажна (ВИДЕО)

Снимката со стаорецот кој се тушира ги насмеа луѓето ширум светот, но зад себе крие тажна страна.

Кога беше објавено како ова слатко животинче си игра со водата, мислевме дека ужива, но воопшто не било така.

Туомас Ајвело, истражувач на биологијата на глувците на Универзитетот во Хелсинки вели дека неговите движења се многу необични за еден глушец, па веројатно е дека трпел болка.

Тој истакнува дека сапуницата влегла во очите на глушецот и дека е „многу веројатно“ дека очите го печеле и сакал што побрзо да ја отстрани сапуницата.

– Неговите движења се необични. Глушецот никогаш не би се однесувал така, освен ако не сака што побрзо да ја симне сапуницата од себе, рекол Ајвело.

Клипот за само неколку дена е прегледан над 50 милиони пати.

Коронавирус