четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 38
home Занимливости

Синот ги тужел своите родители откако дознал дека му фрлиле колекција списанија за возрасни и филмови кои вределе цело богатство

Синот ги тужел своите родители откако дознал дека му фрлиле колекција списанија за возрасни и филмови кои вределе цело богатство

Човекот, кој со години собираше списанија и филмови за возрасни, реши да ги тужи своите родители, откако тие му ја фрлија целата колекција, што, според него, вредеше вистинско богатство.

Дејвид Векинг (42) од Мичиген решил привремено да се врати кај своите родители по разводот, што според неговата колекција на содржини за возрасни, било погубно. Имено, неговите родители немале разбирање за неговиот собирачки дух, па фрлиле сè во ѓубре. Шокиран од тој факт, тој ги тужел и ги однел на суд, па затоа сега може да бара отштета. Како што рече, неговата колекција вредела околу 25.000 долари.

Судот во Мичиген беше немилосрден, а судијата пресуди во негова корист, иако на судењето рекоа дека во неколку наврати му рекле да не ја носи својата колекција во нивниот дом. Сепак, судот утврдил дека тие, ниту како родители ниту како сопственици, немале право да допираат нешто што му припаѓа на нивниот син.

Според Би-Би-Си, тој живеел со своите родители девет месеци во 2017 година, пред да се пресели во Индијана. Ставот на родителите дека не сакаат да имаат никаква врска со неговото „колекционерско богатство“ бил ист за време на преселбата во друг град, па затоа не сакале да му помагаат при пренесувањето на неговите работи, ниту да ги чуваат во нивниот дом.

Коронавирус