среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 3
home Занимливости

Симпсонови пак предвидоа: Пред 13 години беше само нивна епизода, денес е реалност (ВИДЕО)

Симпсонови пак предвидоа: Пред 13 години беше само нивна епизода, денес е реалност (ВИДЕО)

Анимираната серија „Симпсонови“ продолжува со бизарните предвидувања на настани.

Откако предвидоа дека Доналд Трамп ќе стане американски претседател, дека ќе се појави паметен часовник, дека ќе има скандал во ФИФА, економска криза во Грција, дека Лејди Гага ќе настапи на Супер Бол, реалност стана уште една сцена од серијата за животот на Симпсонови.

Најновиот случај за легализација на канабисот во Канада, Симпсонови ја предвидоа во 2005 година.

Во 13 години старата епизода, Нед, Хомер и Апу патуваат во Канада за да пронајдат лекови на рецепта. Додека во аптеката ги земаат потребните медикаменти, на Нед му приоѓа неговиот двојник од Канада и му нуди џоинт.

-Земи, тука е легално, вели канадскиот Нед.