сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 37
home Занимливости

Си ја заборавил сопругата на бензинска: Сфатил што направил откако поминал 100 километри, еве како реагирала таа

Си ја заборавил сопругата на бензинска: Сфатил што направил откако поминал 100 километри, еве како реагирала таа

Еден Аргентинец ја заборавил сопругата на бензиска пумпа, но за работата да биде уште полоша, тој сфатил дека “нешто не е во ред“ после поминати 100 километри.

При враќањето од патување во Бразил, Самуел и Клаудија, брачни пар од Аргентина застанале на бензиска пумпа за тој да го наполни резервоарот и малку да се одмори. Откако наполнил бензин и отишол до тоалет, Самуел си го придолжил патот со автомобилот. Концентриран на сообрајќајот, не ни забележал дека Клаудија ја нема во колата. Самуел бил уверен дека неговата жена спие на задното седиште, како што спиела пред да стигнат на бензиската пумпа.

Всушност, додека тој го полнел автомобилот со бензин, Клаудија се разбудила и одлучила да оди до продавница и да купи нешто за јадење. За да биде уште почудно, со нив бил и 14-годишниот син кој седел на совозачкото седиште и ништо не забележал што се случува бидејќи играл игри на мобилниот телефон.

Кога жената увидела дека сопругот и синот заминале без неа, пробала да му телефонира на сопругот, но поради лошиот сигнал не успеала.

“Напуштената“ сопруга на крај заминала во полициска станица каде почекала сопругот да се сети на неа. Но, тој тоа го направил по “само“ 100 километри.

Кога после 2 часа тој се појавил, жената почнала да удира по автомобилот од бес и нервоза, раскажале полицајците.

Коронавирус