сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 37
home Занимливости

Шведска: Не им дозволиле на родителите да го крстат својот син Владимир Путин

Шведска: Не им дозволиле на родителите да го крстат својот син Владимир Путин

Во Шведска, властите го отфрлија барањето на брачна двојка да го крстат својот син Владимир Путин, пренесува „Дагенс Нихетер“.

Родителите мора да ги пријават имињата на новороденчињата во шведската даночна агенција, која одби да го прифати името кое го носи и рускиот претседател.

Според шведскиот закон, имињата не смеат да бидат навредливи, да претставуваат закана за сопственикот или јасно да наликуваат на презимиња. Како што забележува весникот, не е јасно кој од овие принципи стои во основата на одлуката на даночниот орган.

Во исто време, ова не е прв случај во кој агенцијата одбила такви барања. Меѓу другите имиња што не се беа дозволени за новороденчиња во Шведска, се Форд, Алах, Пилснер и К.

Коронавирус