вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 186
home Занимливости

Шума со големина на Франција природно се обновила последниве 20 години

Шума со големина на Франција природно се обновила последниве 20 години

Шумска област со вкупна големина колку Франција, се обновила природно, имајќи го предвид целиот свет последниве 20 години, посочува најновото истражување на Светската организација за заштита (СОЗ).

Регенерацијата на шумите вклучува природен начин на обновување со мала или никаква човечка интервенција. А, таквото обновување е најчесто и поевтино и резултира со раст на шумите кои впиваат повеќе јаглерод и се поповолни за биолошката разновидност, отколку оние што се активно засадени, објави Би-би-си

Еколошки групации коментираат дека природно обновените шуми успеваат да апсорбираат еквивалент на 5,9 гигатони јаглерод-диоксид, што е повеќе од годишните емисии во САД. Тим стручњаци, предводени од СОЗ, користеа сателитски податоци заради создадавање мапа на природно обновени шуми.

Вилијам Болдвин-Кантело од СОЗ, смета дека Велика Британија треба да воведе поефикасни државни закони што ќе овозможат реализација на потенцијалот на шумите како климатско решение, и да спречат увоз на храна во европските земји што резултира со уништување на шумите однадвор.

– Со цел да се избегнат опасните климатски промени и да се разбере потенцијалот на природните шуми во спречувањето на овие промени, ние мора да спречиме нивно натамошно уништување на шумите и да се вклучиме во нивно обновување. Уништувањето на шумите продолжува да одзема милиони хектари земја и шуми секоја година, значително повеќе отколку што успева да се регенерира, нагласи Болдвин-Кантело.

Меѓу поголемите обновени области, се бразилската Атлантска Шума, тајгата во северна Монголија, средишна Африка и крајбрежните шумски подрачја во Канада. Но, научниците предупредуваат дека шумите ширум светот продолжуваат да се соочуваат со големи опасности.

Истражувањето наведува дека, и покрај „охрабрувачките знаци“, особено во Бразил уништувањето на шумите е сè уште присутно, така што шумските области треба да се зголемат повеќе од двојно за да се достигне минималниот праг на зачувување. Еден од наједноставните начини да се отстрани вишокот јаглерод-диоксид од воздухот е садење дрвја. Но, научниците веруваат дека „треба да ги засадиме вистинските дрвја на вистинските места“, ако навистина сакаме ефикасно да ги намалиме испуштањето стакленички гасови.

ЕУРО 2020

Македонија