петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

Што се случува со мозокот на вашето куче кога сте по цели денови дома?

Што се случува со мозокот на вашето куче кога сте по цели денови дома?

Истражувањата, коишто беа неодамна направени, покажаа дека повеќе од 50% од сопствениците на кучиња, времето поминато во изолација го поднеле полесно, такашто максимално му се посветиле на своето милениче, играјќи се со него.

Јасно е дека животните имаат позитивно влијание врз луѓето, но дали е така и во спротивна ситуација? Дали кучињата навистина сакаат нивните сопственици да се постојано покрај нив?

Кучето, чијшто сопственик е постојано до него, ја добива својата дневна доза на хормонот “среќа.” Окситоцинот, еднакво се ослободува во телото кога сме среќни, како кај луѓето така и кај животните.

Во моментите кога кучето повеќе пати во денот ќе воспостави контакт со својот сопственик, на пример, поглед директно во очи или прегратка, во неговиот мозок се поттикнува состојба којашто спречува депресија. Самото присуство на сопственикот, делува стимулативно врз кучето.

Набљудувајќи го својот сопственик подолго време, кучето врз основа на неговите мимики, движењата на телото и емоционалните искази, учи повеќе за него, што претставува добра основа за квалитетен однос.

И малите кученца, исто така, доколку поминуваат повеќе време со својот сопственик, имаат шанси да израснат во попаметни и емоционално стабилни кучиња.

Коронавирус