сабота, 16. февруари 2019. Вести денес: 69
home Занимливости

Што се случи со романтиката и дали таа навистина постои во денешно време?

Што се случи со романтиката и дали таа навистина постои во денешно време?

Дојде време кога се почесто се случува машките повеќе време да поминуваат во дружење со девојките на пријателски начин, отколку да ги повикаат да излезат на состанок.

Каде се изгуби оној шарм на вечерата или одењето во кино и можеби по некој бакнеж за добра ноќ, наместо очекувања за секс на првиот состанок.

Вината за тоа што се губи романтиката поеднакво лежи и кај мажите и кај жените. Жените кога ќе запознаат маж кој им се допаѓа се плашат дека ќе направат или кажат нешто погрешно и дека тој веднаш ќе ги отфрли и ќе си најде друга. Жените кои се чувствуваат вака треба да се тргнат од тие мисли и да застанат зад себе и зад она што се.

Ако сакате врска со некого, наместо само да се дружите, тогаш тоа кажете го јасно и гласно. Ако мажот не покаже ист интерес, тогаш можеби треба да се повлечете, затоа што е јасно на што сте и едноставно не ви одговара тоа.

Можеби некои ќе го наречат ова старомодно, но сепак се уште постојат мажи кои веруваат во романтика. Постојат мажи кои не се само заинтересирани за секс. Постојат мажи кои нема да ви речат дека не се подготвени за врска.

Постојат, да, постојат мажи кои попрво би отишле со жена на вечера за да може подобро да ве запознае.

Овие мажи би можеле многу полесно да ги пронајдете доколку не губите толку време на оние кои ни кажуваат дека баш многу им се допаѓаме, но не прават ништо за да го покажат тоа.

Дозволете да бидете маѓепсани од маж со вистински манири, маж кој не се плаши да седне насамо со вас и со интерес да ве слуша што зборувате. Кој ви ги поставува сите вистински прашања и кој знае како да ве разоружа со својот искрен шарм и реален, но редок поглед на животот.

Дозволете да чувствувате. Пуштете ја романтиката во вашиот живот.