понеделник, 17. јуни 2019. Вести денес: 41
home Занимливости

Што е разликата помеѓу добар човек и фин маж?

Што е разликата помеѓу добар човек и фин маж?

Фин маж или добар човек? Ако ова прашање ви делува чудно, почекајте еден момент и ќе ја увидите разликата меѓу овие две работи. Финиот маж ќе ви каже убава лага за да ја избегне грдата вистина. Добриот човек ќе ја каже вистината, иако неудобна, затоа што неговиот интегритет нема да му дозволи да лаже некого.

Финиот маж ќе прави убави работи со неизговорени очекувања. Ќе ја однесе девојката на состанок, но секогаш ќе очекува нешто за возврат. Добриот човек ги прави работите без очекувања, но затоа што делува во согласност со неговите вредности. Ако добие нешто за возврат, тоа е само бонус.

Финиот маж се грижи за својот углед, но добриот човек се грижи само за својот карактер.

Финиот маж се плаши од одбивања и бара потврда. Добриот човек ја знае својата вредност и не ја поврзува ниту со одбивањето, ниту прифаќањето од другите.

Финиот маж ќе ги замаскира своите намери и ќе биде нејасен, додека пак добриот човек однапред ќе ги открие своите намери кога се работи за неговата цел. Добриот човек не остава простор за двосмисленост.

Финиот маж ќе има лабави граници и ќе ги обликува според потребата за да остави добар впечаток. Добриот човек има сосема јасни граници и заради тоа ја заслужува почитта од луѓето околу себе.

Финиот маж ќе го поттисне неговиот моментален интерес и ќе ја стави партнерката во средиштето на својот универзум. Добриот човек ќе ѝ даде внимание на неговата партнерка, но без претерувања и загушувања.

Финиот маж ќе ги обвинува другите/околностите за својата судбина. Добриот човек ја препознава неговата улога во сѐ што се случило и презема одговорност за своите постапки.

Финиот маж ќе дава возвишени ветувања кои ќе изгледаат добро, а добриот човек едноставно ќе ги исполнува ветувањата.

Финиот маж сака да глуми принц на бел коњ, но бргу бега кога ќе се појават проблемите. Добриот човек знае дека не е негова работа да спаси некого, но ќе биде покрај вас кога тоа највеќе ќе ви биде потребно.

Финиот маж ќе ги отфрли сите кои не му се корисни. Добриот човек ќе го почитува достоинството на другите луѓе.

Финиот маж ќе го каже она што другите сакаат да го чујат, а добриот човек она што другите треба да го чујат.

Во суштина, главната разлика, меѓу финиот маж и добриот човек е тоа што финиот маж се грижи за изгледот и угледот. Добриот човек се занимава со карактерот и моралот.

Финиот маж го одбира полесниот пат. Добриот човек вложува во својот развој и сфаќа дека тие работи не може да ги добие така лесно. Добриот човек ќе работи и ќе ужива, а финиот маж завидува.

Ако сте фин маж, во ред е. Можете да станете добар човек. Почнете да ја кажувате вашата вистина, владејте со својот живот и изборите и почнете да живеете за некоја повисока цел.

Ако сте добар човек, Ви благодариме. На светот му се потребни повеќе такви луѓе!