понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 58
home Занимливости

Шокантна трансформација: Момчето ја запросило кога имала 135 килограми, а таа одлучи да биде згодна невеста- еве го резултатот (ФОТО)

За целосната трансформација која ја посакала и реализирала пред свадбата, таа потрошила околу 18.000 долари.
Шокантна трансформација: Момчето ја запросило кога имала 135 килограми, а таа одлучи да биде згодна невеста- еве го резултатот (ФОТО)

Шантел Харбис и Марлон Пауел долго време биле во врска. На него не му пречело што таа имала дури 135 килограми, а таа се помирила со бројот кој вагата го покажува.

Но, фактот дека наскоро ќе биде невеста во неа разбуди желба за целосна трансформација.

-Со години пробував разни диети и никогаш не успеав да ослабам. На крајот се одлучив да посетам хирург кој ми го намали желудникот, истакна таа.

По операцијата, таа успеала да намали цели 50 килограми.

-Изгледав одлично и веќе не бев мрзелива и спора. Животот ми се подобри на секој план. По слабеењето сфатив дека со вишокот на килограми заминале и моите големи гради. Носев за пет броја помала долна облека. Сакав и тоа да го средам и одлучив пред да одам на олтар, да посетам пластичен хирург и да ставам силикони на градите, истакна Шантел.

За целосната трансформација која ја посакала и реализирала пред свадбата, таа потрошила околу 18.000 долари.

 

Коронавирус