среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 106
home Занимливости

Шест начини на кои може да се пренесе коронавирусот

Шест начини на кои може да се пренесе коронавирусот

Според сознанијата на Светската здравствена организација (СЗО), најчест начин за пренесување на корона вирусот е преку ситни капки во директен контакт со заразено лице.

Сепак, СЗО предупредуваат дека постојат и други начини на пренесување, а нивната веројатност сè уште се истражува.

Оттаму потсетуваат дека корона вирусот може да се пренесе не само од оние со симптоми, туку и од асимптоматски случаи, кои можеби и не знаат ни дека се заразени.

Личен контакт – пренесување преку капки
Од самиот почеток, јасно е дека најчестиот начин за пренесување на вирусот е преку капки – кога сте во непосредна близина на заразено лице кое кашла, кива или зборува гласно. Ако капките кои притоа ги испушта ви стигнат до очите, носот или устата, големи се шансите да се заразите.

Затоа маската и физичката оддалеченост се наметнуваат како основни мерки за заштита.

Пренесување преку воздухот
Научниците ширум светот долго време предупредуваат дека вирусот може да се шири и преку воздухот, односно аеросоли кои исто така се испуштаат со кашлање и говор и кои остануваат да лебдат во воздухот подолго од големите капки, особено во затворените, загушливи простории.

СЗО конечно ја призна грешката, но исто така побара и дополнителни докази.

Контаминирани површини
Капките исфрлени од заразените можат да контаминираат разни површини и предмети, на кои вирусот преживува од неколку часа до неколку дена, во зависност од температурата, влажноста и видот на површината.

Затоа се инсистира на редовно и правилно миење на рацете од самиот почеток, иако овој метод на пренесување не е целосно докажан.

Фекалии
РНК на коронавирус била пронајдена и во урината и во фекалиите кај некои пациенти. Сепак, ниту едно истражување не покажало дека некој се заразил на овој начин.

Некои студии објавија дека вирусот е пронајден и во крвната плазма и во серумот.

Од мајка на дете
Светските медиуми пишуваат дека во Франција е потврден првиот случај на пренесување на корона вирус од мајка на дете во стомакот.

Исто така, направено е истражување за пренесување на корона вирус преку доење, но, иако РНК на вирусот е пронајдена во некои од примероците на мајчиното млеко, тој не е одржлив.

Од животни на луѓе
Доказите собрани досега покажуваат дека настанокот на овој вирус е поврзан со бета-корона вируси кои ги имаат лилјаците.

Сепак, сè уште не е потврдено дали животни како кучињата и мачките можат да го пренесат на луѓето. Можноста за пренесување од луѓе на други цицачи во моментов се истражува.

Коронавирус