сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 69
home Занимливости

Секојдневно конзумирате пиво, еве што ќе се случи со вашиот организам

Секојдневно конзумирате пиво, еве што ќе се случи со вашиот организам

Пивото е еден од најстарите и најпопуларните алкохолни пијалаци, а и омилениот на милиони луѓе ширум светот. Но, запознаени ли сте со неговите ефекти врз човековото здравје?

Пивото е богато со протеини и витамин Б, а во својот состав има подеднакво антиоксиданси колку и виното. Хмељот, главната компонента за подготовка на пиво, содржи флавоноиди, а исто така е и добар извор на минерали, кои играат важна улога во многу метаболички процеси.

Се секојдневно консумирање во умерени количини, пивото може во голема мера да го подобри вашето здравје:

1. Пивото го одржува здравјето на бубрезите. Една чаша пиво на ден ја смалува веројатноста за болест на бубрезите за дури 40 проценти, покажуваат резултатите од неодамна спроведеното истражување.

2. Растителните влакна во неговиот состав ги намалуваат нивоата на ЛДЛ холестеролот и заштитуваат организмот од појава на кардиоваскуларни болести.

3. Пивото е богато со витамините Б1, Б2, Б6 и Б12, што дефинитивно го зголемува нивото на витамин Б во телото. Содржи 30% повеќе витамин Б6 од сите други извори, но и големо количество од реткиот витамин Б12.

4. Според друго научно истражување, високото ниво на силикон во пивото ги зајакнува коските.

5. Пивото содржи лактофлавин и никотинска киселина, двете состојки кои го подобруваат сонот и лекуваат несоницата.

6. Резултатите од истражувањата потврдуваат и дека умереното пиење пиво го редуцира ризикот од срцев удар за неверојатни 40 до 60 проценти.

7. Пивото е одличен пијалак за превенција од згрутчување на крвта.

8. Експертите сугерираат дека пивото ја подобрува меморијата. Според нив, љубителите на пиво се изложени на помала опасност од деменција и Алцхајмерова болест во подоцнежните години од оние кои го избегнуваат.

9. Докажано е дека две чаши пиво на ден значително го намалуваат стресот.

10. Секојдневното консумирање пиво има позитивно влијание на пигментацијата, а кожата ја прави помазна и со поубав изглед.

Коронавирус