четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Занимливости

Секој четврти во светот има умерено зголемен крвен притисок, а секој тринаесетти боледува од хипертензија

Секој четврти во светот има умерено зголемен крвен притисок, а секој тринаесетти боледува од хипертензија

Многумина сметаат дека умерено зголемениот крвен притисок не е штетен. Меѓутоа, доколку не се лекува, тој може да доведе до сериозни последици. Истражувањата одамна покажуваат дека доколку зголемениот крвен притисок не се контролира, може да биде главен фактор при појава на мозочен удар.

При хипертензија исто така постои и ризик од развој на стенокардија и инфаркт на миокардот, разни заболувања на срцето и оштетувања на бубрезите. Кај заболените од дијабетес зголемениот крвен притисок може да предизвика оштетување на видот или да доведе дури и до слепило.

Не е точно познато зошто некои луѓе имаат хипертензија, а некои не, но одредени фактори го зголемуваат ризикот.

Возраста

Од дваесеттата до четириесеттата година крвниот притисок постепено се зголемува. После тоа, ова зголемување се забрзува.

Пол

Дваесетгодишните и четириесетгодишните жени имаат понизок притисок во споредба со мажите на иста возраст, но тој може да се зголеми поради хормоналните промени, на пример за време на бременоста. Истото се однесува и на постари жени кои употребуваат терапија за дополнување на хормоните во текот на менопаузата.

Наследен фактор

Доколку едниот од вашите родители има зголемен крвен притисок, веројатноста тој да се појави и кај вас двојно се зголемува.

Вишок на килограми

Прекумерната дебелина е суштинскиот фактор на ризик за појава на хипертензија. Прекумерната тежина предизвикува дополнително оптоварување на срцето.

Исхрана

Докажано е дека високата содржина на сол и маснотии во исхраната, и ниската содржина на калиум, магнезиум и фосфор го овозможуваат развитокот на хипертензија. Избегнувајте да употребувате преработена храна и јадете што е можно повеќе свеж зеленчук и овошје.

Стрес

Улогата која ја има стресот во развитокот на хипертензија досега не е објаснета. Меѓутоа, лицата на кои крвниот притисок им се зголемува во стресни ситуации, почесто се подложни на артериска хипертензија.

Пушењето

Пушачите ризикуваат да „заработат“ зголемен крвен притисок многу повеќе од непушачите: никотинот ги стеснува крвните садови.

Општа здравствена состојба

Со артериската хипертензија се поврзани некои болести, од кои многу се однесуваат на хормонални нарушувања. Лицата заболени од дијабетес веќе со самата состојба на своето здравје се изложени на ризик од мозочен удар, срцеви и бубрежни болести. Овој ризик забрзано расте, доколку на сето му се додаде и зголемен артериски притисок.

Придружни болести

Хипертензијата ги напаѓа срцето и крвните садови и доколку не се лечи, може да му нанесе непоправлива штета на здравјето. Меѓутоа, тоа може лесно да се избегне доколку редовно го контролираме својот крвен притисок и навремено го преземаме неопходното лекување.

Коронавирус