петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 23
home Занимливости

Сега се кае за една работа: Потрошила 2 милиони фунти на кокаин и пластични операции, па сега нема пари за болниот син

Сега се кае за една работа: Потрошила 2 милиони фунти на кокаин и пластични операции, па сега нема пари за болниот син

Најмладата Британка освојувачка на џек пот, Кели Роџерс, ги потрошила сите пари кои ги освоила во 2003 година на Националната лотарија, па денес жали бидејќи нема пари ниту за болниот шестгодишен син.

Кели од Велика Британија имала само 16 години кога во своите раце добила износ од 2 милиони фунти, меѓутоа поголемиот дел од парите ги потрошила на пластични операции, забави и дрога.

Денес 31 годишната мајка на три деца жали поради своите постапки во младоста кои ја довеле до беспарица, а за се тоа најмногу плаќа нејзиниот син Блејк, кој боледува од церебрална парализа.

-Најмногу жалам што не оставив нешто на страна како Блејк денеска би имал подобар живот. Да имам пари, би му ги овозможила најдобрите услови кои постојат, признава Кели за британски „The Sun“.

Самата вели дека после добивката на лотарија веднаш дала отказ, потрошила 250 илјади фунти на кокаин, 300 илјади на брендирана облека, 18 илјади фунти на дури три операции за зголемување на градите и 500 илјади ги поделила со семејството и пријателите.

Откако останала без пари Кели паднала во депресија и се обидела да се самоубие, но успеала да се извлече и денес живее со своите три деца како потстанар и работи како негувателка.

-Се надевам дека работите ќе тргнат на подобро кога ќе ја наследам куќата од баба ми и дедо ми. Ќе ја продадам и парите ќе ги ставам на штедна сметка за децата, вели 31 годишната мајка на три деца која и покрај сите проблеми сепак продолжува да се надева за подобра иднина, како за себе, така и за своите деца.

Коронавирус