сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 0
home Занимливости

Седењето поштетно од цигарите

Седењето поштетно од цигарите

Истражување спроведено на 122.000 лица кои трчале на подвижна лента, посочува дека речиси постојаното седење е поштетно од цигарите, дијабетесот, па и од срцевите болести.

– Лошата телесна форма, слабите резултати од лентата за трчање и другите вежби, во однос на смртта се позагрижувачки и од високиот крвен притисок, и од пушењето. Лекот за тоа е вежбањето, истакнува д-р Ваел Џабер.

Натаму, тој нагласува дека вежбањето и полезно за луѓе од сите возрасти, и за мажите и за жените.

– Срцевите заболувања и дијабетисот се најскапи за лекување во САД и чинат над 200 милиони долари годишно. Наместо да плаќаме толкави износи за тоа, треба граѓаните да се поттикнат на вежбање, оценува д-р Џабер.