среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 9
home Занимливости

СЕ ЗА ДОКУМЕНТИ: Омажиле девојка со измама, не ни знаела за бракот се додека не дошла дома

СЕ ЗА ДОКУМЕНТИ: Омажиле девојка со измама, не ни знаела за бракот се додека не  дошла дома

21 годишна девојка од Хонг Конг тврди дека со измама ја омажиле за целосен странец.

Девојката тврди дека била на обука за организаторка на венчавки и дека и кажале дека церемонија на венчавка е дел од тренингот. Меѓутоа, на церемонија странец и таа потпишале вистински документ.

Таа тек подоцна разбрала дека не станува збор за шега и веднаш побарала помош од адвокат. Полицијата не можела да и помогне, па се обратила до Федерацијата на синдикати на Хонг Конг, вели Тонг Камгију од таа организација.

Како се точно се одиграло?

Во мај девојката, која сакала да остане анонимна, се пријавила на курс за шминкање. Меѓутоа, таа фирма ја убедила да ја промени одлуката и наместо шминкање да оди на нивниот бесплатен кур за организаторка на венчавки.

За да го заврши курсот, морала да учествува на наводна лажна венчавка во кинеската провинција Фужу.

Тек откако се вратила во Хонг Конг, од пријателите разбрала дека не станува збор за лажна венчавка и дека стварно е омажена.

Таа сега поднесува документи за развод, меѓутоа не се знае точното име на младоженецот, како ни дали тој подоцна дошол во Хонг Конг.

-21 годишната девојка е искористена, затоа што ништо не знаела за околностите. Ја вознемирило што има документи дека е омажела и тоа и предизвикало психолошки проблеми, нагласил Тонг.

Секоја година полицијата во Хонг Конг „разбива“ преку 1.000 измами врзани за брак, затоа што на многу Кинези бракот им единствен начин да дојдат до Хонг Конг и да добијат документи и можност за престој во оваа азиска држава.