вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

Се` што не сте знаеле за овој ден: Февруари има 29, а не 28 дена- 2020 е престапна година

Се` што не сте знаеле за овој ден: Февруари има 29, а не 28 дена- 2020 е престапна година

На секои четири години има 29, но сепак помалку од другите месеци во календарот. Сите го сметаат јануари за најдолгиот месец бидејќи е исполнет со празници и прослави, а има 31 ден па ви снемува пари некаде на пола месец- логично е февруари да биде пократок за да се „покриете“ некако со расходите.

Сепак, причината зошто февруари има најмалку денови од сите месеци датира од времето на римскиот календар со 10 месеци што почнувал во март и завршувал со декември. Токму така, јануари и февруари воопшто не постоеле.

За Римјаните, кои го правеле календарот според сезоните на сеење и жнеење, зимата била едно безимено, небитно купче денови. За тој дел од годината едноставно немало систем за водење евиденција за деновите.

Пред да дојде на власт вториот крал на Рим во 750 година пред н.е. Римјаните решиле да додадат уште два месеци во годината за да се синхронизираат попрецизно со 12-те лунарни циклуси.

Тие два месеца, јануари и февруари, имале по 28 денови, а потоа кралот решил да му додаде уште еден ден на јануари, за да има годината 355 денови. Парните броеви во тоа време се сметало дека носат лоша среќа и година со 354 дена била просто неприфатлива.

Календарот имал уште маани. Следењето на лунарниот циклус функционирало добро неколку години, но за некое време годишните времиња почнале да се поместуваат од месеците што им биле назначени.

За да го поправат тоа, Римјаните вовеле престапен месец што го нарекле Мерцедониус. Врховниот свештеник на Рим одлучувал кога ќе се воведе тој месец и никој друг во градот не можел да води сметка кој ден е. Сигурно претпоставувате дека ова се претворило во вистински кошмар.

Кога Јулие Цезар дошол на власт, одново направил пресметка на календарот и направил израмнување на календарската година со сончевиот циклус, па секоја година имала 365 дена. Од некоја непозната причина, на февруари му оставил само 28 денови.

Оваа 2020 година е престапна и февруари има 29 дена.

Има околу 4 милиони луѓе родени на овој ден во светот. Веројатноста да се роди бебе на 29 февруари е 1: 1.500.

За овие деца се верува дека се креативни, способни и честопати многу уникатни. Да се ​​родиш на 29 февруари значи да се биде обдарен со „шесто сетило“, а овие луѓе се сметаат за среќни и за нив се верува дека често поседуваат некои посебни таленти.

Гинисовата книга на рекорди го запишува и семејството Кеог од Ирска, чии три генерации се родени на 29 февруари. Во гинисовата книга се најде и норвешкото семејство Хенриксен, во кое трите деца им се родени на 29 февруари.

Луѓето родени на 29 февруари имаат многу проблеми со одбележувањето на нивниот роденден, но се случува и некој да умре на тој ден. Според енциклопедијата за светско наследство, во 1800-тите години, Џејмс Милн Вилсон, кој по потекло бил британец, а за време на неговиот живот станал осми премиер на Тасманија, „се родил на престапен ден и умрел истиот ден“. Вилсон почина на 29 февруари 1880 година на неговиот „17.“ роденден, или кога имал 68 години во редовни години. Кои се шансите ова да се случи?

Во многу земји, трговците даваат големи попусти на овој конкретен ден. Затоа, обрнете внимание, ова може да се случи и кај нас и ќе можете да го купите она што го посакувавте по многу добра цена.

Периодот од 366 дена, што се појавува на секои 4 години, ги охрабрува жените да ги запросат мажите и ги прави роденденските прослави многу збунувачки за одреден број од човечката популација.

Како да знаете која година е престапна? Многу едноставно- ако последните две цифри од годината се делат по четири (на пример: 2016, 2020, 2024 …), тогаш е. Годините што го одбележуваат крајот на векот се одвоени од ова правило. Тие мора да бидат поделени за 400 со цел да бидат престапни години. Значи 2000 и 2400 се престапни години, но 2100 нема да биде.

Коронавирус