четврток, 13. август 2020. Вести денес: 46
home Занимливости

Се преправал дека е мртов од коронавирус: Пијан градоначалник легна во ковчег за да се спаси

Се преправал дека е мртов од коронавирус: Пијан градоначалник легна во ковчег за да се спаси

Пиел со пријателите за време на полициски час, полицијата дојде да го уапси.

Градоначалник на едно градче во Перу е фатен како го крши карантинот пијанчејќи се со пријателите па се обидел да се извлече така што легнал во ковчег и се правел дека е мртов.

Полицијата го сними градоначалникот Хаиме Роланд Урбинa Торес како лежи во отворен ковчег со маска на лице кога дошле да го уапсат во понеделникот вечерта.

Откриле дека градоначалникот на градот Тантара на југот на земјата го прекршил полицискиот час, како и законот за социјална дистанца, за да пие со пријателите и го затекнале во пијана состојба, но не им било јасно каде тоа со пријателите се опивале кога при рака им се нашол мртовечки ковчег.

Освен градоначалникот што бил во ковчег, до него имало и уште еден од пријателите, додека другите се скриле во фиоки во просторијата.

Коронавирус