вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 6
home Занимливости

Се огласи репортерот од Индонезија за CNBC со името Тито Босна кој стана хит во регионот- објасни како неговиот татко му го дал името (ФОТО)

Се огласи репортерот од Индонезија за CNBC со името Тито Босна кој стана хит во регионот- објасни како неговиот татко му го дал името (ФОТО)

Репортер од Индонезија кој известува за каналот CNBC, стана вистински хит на Балканот, благодарение на неговата необична комбинација на име и презиме.

Овој индонезиски новинар, кој известува од областа на економијата се вика Тито Босна. Неговото невообичаено име и презиме го забележала сараевската новинарка Ардуана Прибиња.

Комбинацијата на името и презимето е невообичаена за Индонезијците, бидејќи тие воглавно користат само име, кое понекогаш се состои од повеќе зборови.

Откако тој стана буквално вирален хит се огласи и самиот преку својот Твитер профил.

Здраво моето име е Тито Босна. Во последно време моето име е нешто што секаде се зборува, во медиумите и на социјалните мрежи во Босна и Херцеговина. Пред се сакам да потврдам дека моето име навистина е вистинско, напиша тој.

Тој додава дека неговиот татко бил голем поддржувач на Јосип Брос Тито кој бил најдобар пријател на тогашниот индонезиски претседател.

-Мојот татко ми го дал тоа име со оптимизам дека во БиХ каде имало војна во Југославија ќе престане, а во истата земја претседател и премиер бил Тито, вели тој.