среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 4
home Занимливости

Се обиде да запре во место со брзина од 365км/час- еве што остана од Поршето (ФОТО)

Се обиде да запре во место со брзина од 365км/час- еве што остана од Поршето (ФОТО)

Еден од пеколните болиди е Porsche 911 Turbo S, кој што средиле во 9ff. Има неверојатни 1800 КС и забрзува како малку кој болид на денешнината. Потребни му се само 5,42 секунди за да се забрза од 100 до 200 км на час, додека од 200 до 300 км на час стигнува за 7,46 секунди.

Но, ова Порше можело да направи и подобро, па затоа во вториот обид на натпреварот Вмакс200 во режим на високи вредности од 100 до 200 км на час, стигна за 3,8 секунди, а од 200 до 300 км за само 4,08 секунди. Како што се очекуваше, достигна 365 км на час без никакви проблеми.

Но, возачот потоа ја нагази сопирачката при предност од 580 метри. На 142 км на час, асфалтот исчезна под тркалата, а Порше удри во заштитен браник од сено. Предниот крај на возилото е уништен и засега не е познато дали Поршето воопшто ќе може да се поправи.