четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 51
home Занимливости

Сатурн многу брзо ги апсорбира прстените, можe да исчезнат за 100 милиони години (ВИДЕО)

Сатурн многу брзо ги апсорбира прстените, можe да исчезнат за 100 милиони години (ВИДЕО)

Според најновите истражувања планетата Сатурн со голема брзина ги губи своите прстени, соопшти НАСА. Резултатите од истражувањата се темелат врз основа на најновите набљудувања, но и на податоците од вселенските летала Војаџер 1 и 2 со чија помош научниците пред десетина години ја проценија просечната брзина на исчезнувањето на прстените.

Прстените на Сатурн воглавно се составени од парчиња мраз со различни големини – некои се микроскопски како парчиња прашина, други се со големина од неколу метри, а исчезнуваат затоа што Сатурн со неговата гравитација ги привлекува кон себе и тие се спуштаат кон планетата во форма на дожд и смрзнати честички кои кон себе ги влече магнетското поле на Сатурн.

– Ние проценивме дека со тој „дожд од прстени“ може за половина час да се наполни еден олимписки базен, рече астрофизичарот Џејмс О’Доноги од НАСА.

Според него, ако се земе предвид само дождот, прстените за 100 милиони години целосно ќе исчезнат.

Научниците се уште не се сигурни дали Сатурн од самиот почеток имал прстени или тие настанале во подоцнежните фази на неговиот живот, а најновите истражувања се во прилот на споменатата теорија, па можно е прстените да не се постари од сто милиони години.

Експертите од НАСА планираат уште некое време да го следат степенот на намалување на прстените и да видат дали тие поминуваат низ сезонски промени.

На Сатурн му требаат 2094 години да направи круг околу Сонцето, па во текот на тој пат честичките од прстените се изложени на сонцето на различни нивоа.

Коронавирус