петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 115
home Занимливости

Сашко Коцев ги „поздрави“ политичарите: Им упати новогодишна честитка

Сашко Коцев ги „поздрави“ политичарите: Им упати новогодишна честитка

Наближува Нова Година, највеселата и најлуда ноќ во годината, а со неа и вообичаените работи: подароци, поздрави и честитки…

Сите некому честитаат, а народот особено е среќен и очекува покрај тоа што ќе му донесе Дедо Мраз да слушне какви честитки и пораки имаат да кажат  јавните личности  и кому му ги упатиле познатите и популарни македонски фаци.

Еден од најпопуларните актери и одвреме-навреме водители е секако Сашко Коцев! Естрадниот магазин „Бекстејџ“ го најде популарниот кумановец, каде на друго место, ако не во театар, па го прашаа има ли новогодишна честиткиа за македонските политичари или можеби новогодишна порака која сака да им ја упати?!

А Сашко како од топ им порача нешто, на што тешко дека некои од нив ќе му се израдуваат…Та биле позиција или во опозиција. Им честиташе Нова Година со порака, а всушност ги „отепа“! Ги уби во поим! А пораката е толку вообичаена и едноставна: И во новата 2020 година да си поминат како што си поминааа оваа, и новата да им биде онакава, каква што им беше и годинава!

Што по некоја логика би значело опозицијата да си остане во опозиција, а на власта да и се случува она што и се случуваше годинава: Дузина скандали, грст афери, криминал, корупција, рекет, насилство, сиромаштија, бесправно владеење, тотална анархија…

И после пак некој од нив нека рече дека Коцев им е виновен за новогодишната честитка? А човекот само сакаше да ги поздрави македонските политичари!  Ама, ете…

извор: vistina.com.mk

Коронавирус