сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 47
home Занимливости

Сан Франциско прогласен за најдобар град во светот за 2021 година

Сан Франциско прогласен за најдобар град во светот за 2021 година

„Тајм аут“ го објави својот годинешен список на најдобри градови во светот, врз основа на мислењето на 27.000 анкетирани жители на поголемите светски градови. Така, најдобар град во светот за 2021 година, е Сан Франциско.

При истражувањето, предвид се земени ноќниот живот, рестораните и културните настани, како и чувството на заедница во градовите, што според написот, е особено важно при пандемијава. Испитувањето ги вклучува и еко-иницијативите, посветеноста на активизмот во градот и општата љубезност и гостопримливост на граѓаните. Во таа смисла, Сан Франциско е „ненадмината комбинација на прогресивност, прифаќање и одржливост“, посочува списанието.

Следат 10-те најдобри градови во светот:

1. Сан Франциско, Калифорнија, САД,

2. Амстердам, Холандија,

3. Манчестер, Англија, Обединетото Кралство,

4. Копенхаген, Данска,

5. Њујорк, САД,

6. Монтреал, Канада,

7. Прага, Чешка,

8. Тел Авив, Израел,

9. Порто, Португалија,

10. Токио, Јапонија.

Сан Франциско е пофален и за одговорот кон пандемијата. За време на карантинот, имено, „граѓаните најдоа начин да останат поврзани, па акцент е ставен на ресторани и кафулиња на отворено. Градските улици сега се како една голема забава под ведро небо“, пишува списанието.

Најнови вести

Коронавирус