недела, 16. декември 2018. Вести денес: 86
home Занимливости

Сакал само да се фотографира покрај морето, наместо кочница дал гас- еве што му се случи на луксузниот ѕвер вреден 140 илјади евра (ФОТО)

Сакал само да се фотографира покрај морето, наместо кочница дал гас- еве што му се случи на луксузниот ѕвер вреден 140 илјади евра (ФОТО)

Нов Мерцедес S63 4матик вреден 147 илјади евра три дена бил потонат на дното од јадранското море пред да биде извлечен во петокот.

Автомобилот се наоѓал на длабочина од четири метри и истиот бил извлечен за половина час, но сега мора да се почека за да се исуши водата од него.

Сопственикот на шлеп службата изјавил дека тој дошол на помош откако неговиот брат исто така со шлеп служба се обидел да ја извлече колата но не успеал.

Сопственикот на овој луксузен Мерцедес е еден Германец кој сакал само да се фотографира со својот автомобил на море, а тој наместо кочница стиснал гас.