сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 98
home Занимливости

Розовата Супермесечина вечерва ќе биде најголемата во 2020

Розовата Супермесечина вечерва ќе биде најголемата во 2020

Ако вечерва го набљудувате небото ќе ја видите Розовата Супермесечина, најголемата и најсјајната во оваа година.

Овој небесен феномен значи дека Месечината вечерва ќе биде најблиску до Земјата (перигеј), на оддалеченост од 356.907 километри, а нашата планета ќе биде во иста линија со Месечината и Сонцето. Колку за потсетување, просечната оддалеченост на Месечината од Земјата во нормални околности изнесува околу 384.401 километар.

Токму затоа вечерва месечината ќе биде многу посјајна и поголема од обично, а во оваа форма се нарекува Розова Супермесечина. Тоа сепак не значи дека Месечината навистина ќе биде розова – името го добила по априлската полна месечина чие појавување се поврзува со почетокот на цутењето на розовите цвеќиња во Северна Америка.

„Ќе биде сјајна и апсолутно прекрасна“, вели астрономот Џеки Фаерти од Американскиот природонаучен музеј во Њујорк за Space.com.

Розовата Супермесечина ќе биде видлива во текот на целата ноќ, а особено спектакуларна ќе биде при изгревањето. Станува збор за оптичка илузија поради која Месечината ќе се чини многу поголема додека се издигнува над хоризонтот. Месечината ќе зајде во 6 часот и 3 минути.

Со оглед на тоа дека сите сме во нашите домови, излезете на прозорците и терасите и уживајте во оваа ретка глетка.

Коронавирус