понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 176
home Занимливости

Родното место на Пабло Ескобар стана најпопуларна туристичка дестинација

Родното место на Пабло Ескобар стана најпопуларна туристичка дестинација

Меделин е град кој и натаму расте. На неговите улици може да се видат апсолутно сите профили на луѓе. Возачи на камиони, хипстери, жени со високи потпетици и тетовирани боеми – сите тие овој град го сметаат за твој дом.

На почетокот на 90-тите години со овој колумбиски град владеела дрогата, а нарко босот Пабло Ескобар сеел смрт и страв речиси на секој чекор.

Каков имиџ имал Меделин, доволно зборува и тоа што списанието “Time” пред 25 години го нарекол најопасен град на светот, но од 1992. година до 2017. година минало многу време. Градот чие име било непријатно и да се изговори, со време се трансформирал во вистинска туристичка дестинација.

Во 90-тите насилството владеело со улиците, граѓанското општество бил непознат поим и изгледало дека за овој град нема спас.

Денес Меделин е убаво и пријатно место каде се почитува законот, а економијата е во таков замав што е една од најсилните на јужноамериканскиот континент.

Во што е тајната? Верувале или не, еден од жителите на Меделин, туристички водич по име Јулиан, за британски “Telegraph” раскажал дека големо влијание на развојот на градот имал, ни повеќе ни помалку, туку јавниот превоз.

“Изградбата на метрото беше почетокот на сите добри работи, беше мост во подобар свет. Наеднаш сфативме дека работите навистина може да се променат и така почна револуцијата во Меделин”.

Пред неколку децении, градот бил на добар глас и полека и сигурно се развивал, но со доаѓањето на 80-тите и 90-тите години Меделин станал центар на кокаинот. Главниот збор го водел Пабло Ескобар, а и по неговата смрт во 1993. година, градот бил на глас како место кое не сакате да го посетите ако ви е мил животот.

Со крајот на постојаните немири и внатрешните војни, во Колумбија започнало заздравувањето во целата земја, што посебно се одразило на Меделин. Сместен во долина, познат е по прекарот “град на вечната пролет” – благодарение на идеалната клима. И каде и да се свртите, ви изгледа дека нешто се случува.

Градот е чист. Изградени се многу паркови, музеи, модерни библиотеки, кино на отворено, а кафулиња и ресторани има во изобилство. Јулијан објаснува дека доаѓањето на подземната железница го променило животот во некогашниот центар на дрогата.

“Кога во 1994. година беше изградено метрото, тоа беше прва позитивна работа по многу време. Метрото ни даде сигурност и беше многу лесно да се движите низ градот. Луѓето излегуваа од своите квартови и почнуваа да се движат. Можеби ќе кажете дека тоа е само метро, но верувајте ми, и тоа како ја промени психологијата на градот”.

Коронавирус