недела, 9. мај 2021. Вести денес: 135
home Занимливости

Родила четири деца, кога докажале дека не им е билолошка мајка почнала нејзината животна драма

Родила четири деца, кога докажале дека не им е билолошка мајка почнала нејзината животна драма

Лидија Ферчајлд се шокирала кога дознала дека не е биолошка мајка на своите деца, иако сите четири ги родила. Притоа морала да се брани од немилосрдната бирократија откако била обвинета за измама на социјалното и илегално сурогатство.

Таа направила ДНК тест по разводот од сопругот, но тестирањето покажало дека таа не е мајка на своите деца.

Социјалната помош ја обвинила за обид за измама на системот за помош, и за илегално носење на туѓо дете. Иако сведоци од службата присуствувале на породувањето, верувале дека таа е сурогат мајка на некој трет.

-Знам дека ги носев, и знам дека ги родив. Немав никаков сомнеж, изјавила Лидија која додава дека плачела додека на вечера седела со нејзините деца.

-Само ме гледаа и ме прашуваа „што не е во ред“. Ќе дојдеа до мене да ме гушнат, а јас не можев да им објаснам бидејќи ни самата не разбирав, додава мајката.

По три рочишта нејзиниот адвока се сетил на сличен случај во кој детето немало ДНК кој се соодветствува со мајката, бидејќи мајката била „химера“.

Генетскиот химеризам е ретка појава кога личноста е родена со делови од телото кои всушност припаѓаат на неродениот близнак.

Откако нејзиниот адвокат побарал дополнителни тестови, судот утврдил дека таа навистина има химеризам, по што сите обвиненија биле отфрлени.

Коронавирус