четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 92
home Занимливости

Роди три деца и покрај преголемиот животен ризик: Почина најмалата мајка на светот (ВИДЕО)

Роди три деца и покрај преголемиот животен ризик: Почина најмалата мајка на светот (ВИДЕО)

Почина 44 годишната Стејси Хералд од Кентаки, најмалата мајка на светот.

Таа беше високи само 71 сантиметар, родила три деца иако лекарите ја предупредиле дека го ризикува својот живот.

Таа 35 годишниот сопруга Вил, кој е висок 175 сантиметри го запознала додека работела во супермаркет. Се венчале четири години подоцна. Тие заедно добиле три деца, ќерките Катери и Макја кои имаа 11, односно 10 години и 8 годишниот син на кого му го дале името Малачи.

Иако била во количка, Стејси активно учествувала во грижата за децата. Стејси многу сакала да биде мајка и го сметала тоа за право чудо и говорела дека нејзините деца се чудо.

Стејси била родена со генетско пореметување и лекарите и кажале дека бременоста за неа би можела да биде опасна затоа што децата би можеле да и го згмечат срцето и белите дробови.

-Цел живот родителите ми говореа дека сум неспособна за било што, а сега лекарите ми говореа дека не можеме да имаме семејство. Тоа болеше, говорела Стејси.

За жал, две од децата Катери и Малачи го наследиле пореметувањето на мајката. За среќа, Малачи не е роден со скршени коски. Имено, кај тоа пореметување луѓето имаат многу слаби коски и често им пукаат. Неразвиени им се белите дробови и имаат многу низок раст.

-Сите тие се посебни бебиња, а на девојчињата им објаснив дека мора да бидат внимателни до братот, кажала Стејси после породувањето.

Малачи го доела и имала посебна платформа благодарејќи на која на децата можела да им менува пелени, да ги тушира и други работи важни за нив.

Коронавирус