Занимливости Женева

Реткиот „Медитеранско син“ дијамант од 10,03 карати продаден за 19,2 милиони евра

Дијамантот ја надмина проценетата вредност од 20 милиони долари, што укажува на значителен интерес. Но, општата несигурност, вклучително и трговските тензии меѓу САД и Кина, можеби ја намали довербата на понудувачите, изјави Корминд.

Реткиот „Медитеранско син“ дијамант од 10,03 карати продаден за 19,2 милиони евра

Реткиот дијамант, наречен „Медитеранско син“, со тежина од 10,03 карати, денеска е продаден на наддавање во Женева, Швајцарија, за 19,2 милиони евра, објави аукциската куќа „Сотби’с“.

Тобијас Корминд, извршен директор на „77 дајмондс“ (77 Diamonds) – најголемата интернет-платформа за злато и накит во Европа, изјави дека продажбата и цената на дијамантот, се „помалку импресивни“ од очекуваното, пренесува порталот „Свисинфо“ (Swissinfo).

naturaldiamonds.com

– Дијамантот ја надмина проценетата вредност од 20 милиони долари, што укажува на значителен интерес. Но, општата несигурност, вклучително и трговските тензии меѓу САД и Кина, можеби ја намали довербата на понудувачите, изјави Корминд.

Дијамантот којшто е ископан во Јужна Африка, првично се проценуваше на 20 милиони долари (17,8 милиони евра), што значи дека постигната цена, во „наддавачкиот речник“, не е многу над проценетата.

To top